Реми во дербито меѓу Сити и Ливерпул

Големото дерби на 32-то коло и на сезоната во англиската Премиер лига на стадионот „Итихед“ во Манчестер заврши без победник, откако фудбалерите на Сити и Ливерпул 2:2.

Двапати Манечстер Сити бепе во водство со головите на Кевин Де Брујне и Габриел Жезус, но Ливерпул го преживеа тешкото гостување благодарејќи на погодоцит на Диого Жота и Садио Мане. Со тоа состојбата на врвот на табелата остана идентична како и пред дербито, Манчестер Сити има бод предност односно 74 наспроти 73 бодоци на сметката на Ливерпул.

Жестоко започна дуелот на „Итихед“ а ритамот на мечот од почетокот го диктораа домашните. Во 5 минута одлична шанса имаше Рахим Стерлинг, а веќе во следниот налет истата минута Сити поведе. Де Брујне шитираше од 20-ина метри, а топката го закачи Матип, го промени правецот и влета во мрежата. Но Ливерпул имаше подготвен одговор и многу брзо израмни. Во 13 минута Жота ги смири делириумот на трибините.

Првото полувреме продолжи повторно со подобра игра и напади на Сити, но Ливерпул покажа подготвеност да ја искористи секоја грешка на домашните, па се редеа изгледни можности пред двата гола. Сити повторно поведе во 36 минута кога асистираше Кансело а Жезус погоди за 2:1. Домашните на полувремето заминаа со предност, но веќе на самиот почетокот од вториот дел следеше новото израмнување. По одличната асистенција на Мохамед Салај, Мане рутински го измами голманот Едерсон за 2:2.

Но „празен од“ во големото дерби немаше до самиот крај. Повторно Манчестер Сити оставаше порешителне впечаток на теренот, беше повеќе напаѓачи настроен и поконкретен, а поведе по третпат во 63 минута. Стрелец беше Стерлинг, но овој погодок беше поништен поради офсајд позиција. Иако двете екипи до крајот имаа шанси за нови голови, мрежите не се тресеа и дуелот заврши со поделба на бодовите.

И во првиот првенствен дуел меѓу двата тима сезонава одигран на „Енфилд“ заврши со идентичен резултат 2:2, а тогаш домашниот Ливерпул двапати водеше.

Претходно во неделата Брентфорд ја продолжи позитивната низа и како домаќин со 2:0 го совлада Вест Хем Јунајтед. Стрелци и меѓусебни асистенти за погодоците беа Брајан Мбуемо во 48 и Ајвен Тонеј во 64 минута.

Во последните пет првенствени кола Бренфорд оствари четири победи и сега е безбеден со 36 бодови на 13-то место. Вест Хем со 51 бод остана на шестото место, кое води во Европската конференциска лига следната сезона.

Норич Сити во дербито на дното, исто така, со 2:0 дома го свлада Барнл, а стрелци беа Пјер Лис-Мелу во 9 и Тееми Пукки во 86 минута.

За Норич ова беше петтата победа созанава и натаму е последен 20-ти со 21 бод. Барнли, пак, има само четири победи – најмалку сезонава во Премиер лигата – но со меч помалку и со 24 бодови е на 18-то место во зоната на испаѓање. Најблиску до зоната на спасот му е Евертон кој со вчерашната домашна победа од 1:0 над Манчестер Јунајтед е 17-ти со 28 бодови, исто така, од 30 кола.

Домашна победа до 2:1 оствари во неделата и Лестер Сити над Кристал Палас. Домашните остварија сигурно водство за неколку минути при крајот на првиот дел, со головите на Адемола Лукман во 39 и на Киермен Девсбери-Хол во 45 минута, а гостите намалика прекуи Вилфред Заха во 65 минута.

Со оваа победа Лестер го мина Кристал Палас на табелата, сега е 9-ти со 40 бода, три повеќе од денешниот противник кој е 10-ти.