Со четири гласа „за“ и четири „против“ собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ја заврши расправата за имунитетот на пратеникот, Трајко Вељаноски, за кој Обвинителството побара притвор поради неговото учество во организирањето на упадот во Собранието, јавува „Фокус“.
Претседателот на собраниската Комисија, Павле Богоевски рече дека со ваквото гласање Комисијата донела одлука дека нема конкретен став за истото.
Притворот за Велјаноски го побара судија за претходна постапка од Кривичниот суд поради сомнение за организирање на настаните на 27 април 2017 , за што се обвинети и екс министрите Миле Jaнакиески и Спиро Риствоски.
На Јанакиески допонително му е одредена мерка домашен притвор , а Ристовски останува во затворот во Шутка.