
Киносалата во основното училиште „Ѓорче Петров“ во истоимената скопската населба конечно го врати својот стар сјај и намена.
За реновирање на речиси руинираната просторија, општината одвои 1,2 милиони денари со кои се набавени современа аудио и видеоопрема, осветлување и 100 седишта.
Градоначалникот Митровски вели дека салата во училиште, кое е старо половина век, треба да биде пример за сите останатите училишта со цел да се зголеми квалитетот на наставата.
„Училиштето е во добра кондиција и перманентно работиме за подобрување на условите за учениците и за наставниците во него и во сите основни училишта во Ѓорче Петров. Мултифункционалната киносала се покажа како неопходна потреба за осовременување и ќе ни биде модел и во останатите основни училишта да се создаде ваков простор, изјави градоначалникот Митровски
Салата покрај за едукација ќе може да се користи за приредби на учениците, но и за презентација на проекти на граѓаните.