Репортажа на „Франс 24“ за Македонија, но не со добри вести

Напуштените продавници и претежно празни улици даваат малку знаци на живот во Валандово во Република Македонија, каде младите луѓе бегаат во голем број, надевајќи се на подобар живот во странство, вака ја започнува својата репортажа за Македонија францускиот Франс24 .

Како и поголемиот дел од овој сиромашен дел на југоисточна Европа, оваа мала балканска нација седи на демографска темпирана бомба поттикната од стареењето на населението, намалената стапка на наталитет и масовната миграција.

Околу 600.000 македонски граѓани сега живеат во странство, покажуваат податоците на Светска банка и Владата.

Економски раст и недостигот на инвестиции сега дом на само 1,8 милиони луѓе, од нејзините 30 години независност.

-Ако имате нешто повеќе од 2,4 милиони граѓани, а повеќе од една четвртина си заминале, тогаш треба сериозно да се грижите за тоа што се случува, вели Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика во државата.

Селата и малите градови како Валандово, на 146 километри од главниот град, нудат малку работни места, што ги тера амбициозните и способните чарето да си бараат на други места.

„Духот на младите е систематски уништен“, изјави за АФП Перо Костадинов, новоизбраниот 33-годишен градоначалник.

„Ентузијазмот за борба и останување дома е изгубен, вели тој.

Само во Валандово, речиси 90 отсто од приходите на луѓето се поврзани со земјоделството, заеднички именител низ Република Македонија.

„Пет мои пријатели од нашиот клас од 20 ученици веќе се преселиле во странство со своите семејства“, вели 24-годишниот Бојан Николов, член на младинскиот општински совет во Валандово.

Анегдотата нуди остра слика за тоа каде се движи иднината на земјата…, се вели во репортжата на Франс24.

Повеќе прочитејте ТУКА

Фото: Роберт Атанасовски АФП