Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот започна соработка со холандската јавна радиодифузна асоцијација “BNN Network”.
Економскиот промотор од Агенцијата за странски инвестиции Ведат Рушид, на интернационалниот саем за туризам во Холандија остварил средба со претставници на водечкото ТВ шоу во Холандија, “Channel 3 Travels” кое се емитува на третиот канал на националната холандска телевизија “Nederland 3”.
ТВ екипата од Холандија започнува со снимање на 16 јуни па се’ до до 22 јуни годинава.
„ Со нескриено воодушевување од богатствата која ги има нашата земја снимањето ќе започне во Скопје со претставување на старите занаети во Скопската чаршија, тврдината Кале, Даут Пашин Амам, Спомен куќата на Мајка Тереза, Милениумскиот крст на Водно и кањон Матка. Неизбежни се специјалитетите од македонската кујна, ќе ги посетат македонските традиционални ресторани и кафе барови. Ќе продолжат за Охрид, Галичица и манастирскиот комплекс “Св Наум”“, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Огранизациски и логистички снимањето на овој документарец е поддржан од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која ги разработи сите сегменти и ги оствари сите контакти потребни за професионално и успешно реализирање на овој проект.