Четириесет и девет новинари загинаа низ целиот свет во 2019 година, објавија „Репортери без граници“. Според нив, тоа е најмал број за изминатите 17 години.
Повеќето од загинатите новинари се убиени, како одраз на конфликтите во Јемен, Сирија и Авганистан.
Организацијата базирана во Париз нагласува дека „новинарството останува опасна професија“.