Македонскиот кошаркарски репрезентативец Стојан Ѓуроски е нов член на шпанскиот второлигаш Оуренсе.
Ѓуроски овој преоден рок имаше неколку понуди, а на крајот се одлучи да ѝ се приклучи на екипата на Оуренсе и да се врати во шпанската „ЛЕБ Оро“ лига.
Искусниот македонски репрезентативец претходно во кариерата настапуваше во шпанската втора лига како кошаркар на Хуеска, Мелила и Аликанте.
Ѓуровски вчера во стартната победа на Македонија во претквалификациите за Евробаскет 2025 придонесе со десет поени, додавајќи два скока и три асистенции.