Радикализацијата не е нова карта на Соросовата опозиција, граѓаните ја трпат уште од почетокот на 2013 година. Нема разлика ниту во однесувањето на т.н. творци на јавно мнение, чијашто марионетска улога им е помила од општествената, па забораваат дека на нивна душа ќе се препише доколку се случи нешто од тоа на што повикуваат. Разлика има само во можноста од ефектот на бумеранг на радикализацијата од граѓаните, под притисок на одземената иднина, анализира неделникот „Република“.
Во Македонија повторно се игра на картата на радикализација на состојбата. Откако стана јасно дека, место политичкото раководство на Социјалдемократскиот сојуз, политиките и потезите ги кројат т.н. „граѓански организации“, тие сега под плаштот наречен „Граѓаните за Македонија“ определија рок по кој ќе вовеле радикален отпор ако не им се исполнат барањата. Нивните барања се еквивалент на барањата поради кои и пропаднаа преговорите во Брисел, каде што партискиот потписник Зоран Заев поплука врз дадениот и потпишан збор пред меѓународната заедница во Скопје. Всушност, сега се бара брзо решение откако Заев со шмек на струмички трговец порачуваше дека ако на Хан му се брза, за него не е страшно да се одложи договорот. И сега истите творци на мислењето на Заев кои го учеа да молчи на средбата во Брисел – дури и да биде квалификуван како недоветен – притискаат на брзо решение „за десетина дена“, но по нивна волја. Ако не – радикализација.
„Граѓаните“ што така бистроумно градат „висока политика“ се истите што по диктат на главниот извор на финансии, Соросовата фондација, влетаа во играта дека Хан е поткупен, дека режимот е готов, па дури и дека тие треба да седат на преговарачката маса. Љубимците на Сорос се постојани: Форум – центарот за стратегиски истражувања и документација, главниот извор на кадри за СДСМ; најстарата НВО-ќерка „Метаморфозис“, „Македонскиот центар за европско образование“ на Лидија Димова. Онаа Димова што во 2012 година побара укинување на фондовите на ИПА за Македонија бидејќи биле „неуспешна приказна“, како што денес ги оценува и странските инвестиции во Македонија. На листата на „граѓаните“ се и Хелсиншки комитет, потоа Синдикатот на дипломатите на сопругот на Мирјана Најчевска, а заедно со дел од неколку тела на Хелсиншкиот комитет и на Соросовата фондација. Следува „Цивил“ на Џабир Дерала, кој му порача на Хан дека е неинформиран; па „Точка“ на Никола Гелевски; НВО инфоцентри; разноразни собири како АЈДЕ, Плоштад слобода, Иницијатива за гушкање на трговски центри; следуваат центри со секс, транс и ЛГБТИ префикси и, секако, десетина организации од Струмица и населбите во општината која за две евра по квадратен метар ја раководат Заеви.
„Граѓани“ се и Бранко Героски, Љубомир Фрчкоски и Сашо Ордановски – главните креатори на ставовите и молчењата на Заев. Притоа, вчудовидувачко е ниското ниво на комуникација кое истекува од нив, како и од сателитите на тоа друштво. Мирослав Грчев, еден од нив, за порталот на Героски, финансиран од Сорос, во колумна насловена „ВМРО да се ИСКОРНЕ од македонската држава“ повикува на „дератизација, дезинсекција, дезинфекција и деконтаминација на сите институции на државата и општеството од смртоносниот ген на ВМРО-ДПМНЕ… Вмровски ген мора да се искорне од телото на македонската држава и да се фрли на буништето на историјата“. Грчев и пријателите, гледајќи се како творци на јавно мислење, долеваат масло на огнот заборавајќи на главната улога во општеството. Забораваат дека сечија одговорност е да не се потпалува ситуацијата и дека во таква ситуација секој збор што води кон насилство има тежина на чекан, а сѐ што ќе биде кажано и направено ќе им биде припишано ним.
Но, играта со радикализација не е ниту нова ниту непозната за СДСМ, опозицијата и за Сорос. И секогаш со исти барања „за слобода и за демократија“, но не со програма, туку преку говор на омраза и ширење лаги кои единствено носат зло. Радикализацијата е во игра уште од 2013 година кога СДСМ го блокираше сообраќајот на крстосниците во Скопје и бараше „трпение и разбирање од граѓаните на Скопје за блокадите“ зашто тоа го правел „за враќање на демократијата“. И тогаш имаше лидерски средби, и тогаш СДСМ бегаше од избори. Ниту тогаш радикализацијата го спаси СДСМ на избори ниту, пак, сега ќе го спаси.
Деновиве, пак, освен бегање од избори – за кои СДСМ се согласи со потписот на Заев – тоа зло се вика и загрозување на евроинтеграциите, за кои Европската комисија, но и сите други тела во Унијата, е подготвена да ги овозможи за Македонија со де факто отворање на преговорите за членство во Унијата – а за којашто подготвеност сведочат и шесте едноподруго препораки од ЕК. И сето тоа Соросовата група која владее со СДСМ го става зад своите лични интереси, наводно во име „на граѓаните“.