Заев денес вели немал што да изгуби со двојазичноста. И во право е. Заев ќе загуби ако не ја спроведе агендата на СОРОС од надвор. Ќе го загуби тоа што го земал за спроведување на оваа агенда, ќе ги загуби пријателите од надвор што сеуште му ја држат главата над вода, ќе ја загуби црпнатоста, ќе ги загуби стекнатите милиони евра стекнати во 12-те години предавство. И корнишоните ќе ги загуби, а веројатно сега тие му се помили и од државата и од народот македонски.
Со неговите изјави тој отворено денес ги „запали гаќите“ на сите албански партии и јавно, на балканска трпеза, го стави македонското прашање. И повторно Македонија е залакот за балканските апетити. Пред се на Албанскиот нескротлив апетит за територија.
Барањето на двојазичност не е случајна, нова, наивна, отворена, граѓанска. Тоа е продолжение на стратегијата за распаѓање на „проблемот Македонија“, продолжение на територијалната поделба, продолжение на барањето за високо образование на Албански, продолжение на вештачкото населување од Косово под превезот на бегалци, на 150.000 државјанства подарок од Црвенковски и советникот Пендаровски.
Тоа е продолжение на Призренската лига, на некогашната изјава на Мендух Тачи дека „процесот на распаѓање на Југославија ќе заврши со поделбата на Македонија“, на УЧК, на охридската рамка, на „единствениот културен простор“ и „природното обединување“. Тоа е продолжение на барањата за регионална полиција, за консенсуален претседател, ротирачкиот премиер по мерка на Фрчкоски.
Се почесто како аргумент се користи прашањето „А зошто не?“ или како вели Заев „Што губам јас?“ или како го праша водителот на една телевизија Стојанче Ангелов „Зошто би ви пречел албанскиот на патоказ кон Бугарија?“
За да се одговори на овие прашања, прво да ги свртиме обратно – што тоа би пречело на било кој македонски Албанец сообраќајните знаци да се на Македонски? Особено кон Бугарија, кога веќе локално се двојазични? Колку еден сообраќаен знак ќе ги релаксира односите во земјата? Или ќе доведе до разбирање? Нели тоа е целта, релаксирање на односите, меѓуетничка трпеливост, преку комуникација, разбирање, соживот, еднаквост, целовитост…?
Во таа насока, нека одговорат сите залагачи за заложникот Заев за воведување двојазичност: Колку по рамковниот се разбираме повеќе отколку во времето кога се бараше високо образование на албански јазик? Колку се релаксирани односите меѓу младите на улица по посебните гимназии и цели универзитети само на албански јазик? Колку сега се развија добрососедствата во Струга, Кичево, Тетово, па и Чаир, Бутел, и особено Арачиново, по охридската рамка и територијалната поделба, поточно заземање на Кичево, Струга, Чаир?
Кои се придобивките во развојот на меѓунационалните односи, нивното релаксирање, во меѓусебната комуникација со намерното двоење на Албанците во својата средина, на своја „заземена територија“ со образовни институции само на албански јазик, со општински и други институции на албански јазик, со медиуми на албански јазик и со особено внимание никако да не допре македонскиот јазик во тие средини?
Колку сето тоа што се бараше како опција за „разбирање и комуникација“ се претвори во затворање во еднонационална средина и со огромна тенденција воопшто да се нема никаква комуникација со „другите“, особено не со Македонците? Едноставно, колку деца на воздраст до 15 години, граѓани на оваа држава, иднината на мултиетничка Македонија, не знаат да „гугнат“ македонски во „мултиетничките“ доминантно албанските општини?
Поразителни се одговорите за тоа колку сите овие зафати доведоа до „релаксирана“ меѓуетничка некомуникација и паралелизам. Тоа е видливо за сите, само не за Заев и СДСМ. За СОРОС и секако за албанските политичари не само што е видливо, туку и посакувано и очекувано.
Затоа се додека Заев, потоа неговите Албанци во партијата, а дури потоа и другите албанските политичари и партии не почнат да пропагираат учење на македонскиот јазик во албанските средини, не само како неопходност, туку и како гест на добра волја и меѓусебна почит за досегашните рамки и договори, ниеден аргумент во насока за проширување или надмнинување на „рамката“ не може да се разбере поинаку од чист национализам, и желба за подлабоко разделување и на граѓаните и на државата.
Двојазичноста не може да важи само за Македонците. Уште попрецизно, се додека не се почне со учење и на македонскиот јазик уште во градинките во доминантно албанските општини, нема двојазичност во државата.
Сепак за овие прашања не се очекува одговор од Заев. Нему сето ова не му е јасно. Ама кај него не се работи за идеологија, туку за платено одработување. Изгубен во омразата, Заев ја тера идеологијата наметната од надвор, од СОРОС, со парите на сите што не и мислат добро на Македонија и упорно ја турка кон федерализација.