Републиканците бараат изборната комисија во Мичиген да го одложи потврдувањето на резултатите

Републиканскиот национален комитет (RNC) и Републиканската партија во Мичиген, засебно од правните постапки на претседателот Доналд Трамп во врска со оспорувањето на резултатите од претседателските избори од 3-ти ноември, побараа во саботата од изборната комисија за оваа сојузна држава да го одложи потврдувањето на изборните резултати за 14 дена за да се спроведе проверка на гласовите во најголемиот изборени округ во државата.

Комисијата, во којашто има по двајца демократи и републиканци, треба да одржи состанок на 23-ти ноември, за да ги потврди изборните разултато, за што има рок од 20 дена.

Во писмото републиканците бараат целосна проверка на гласовите во округот Вејн во кој се наоѓа главно црнечкиот град Детроит, а е повикуваат на неправилности во округот. Округот Вејн се најде во фокусот на настојувањата на претседателот Трамп и неговиот тим во сојузните држави кои биле решавачки за објавената од медиумите но официјално сѐ уште не потврдена од належните тела победа на демократот Џо Бајден.

Двајцата републиканци од изборната комисија во округот Вејн претходно седмицава се заканија со повлекување на своите гласови за потврда на изборниот резултат. Тие, откако не сакаа да го потврдат исходот од изборите поради според нив неправилности на гласањето, беа жестоко напаѓани и навредувани во медиуми по што беа принудени да го променат ставот, а потоа објавија дека сакаат да ги повлечат своите гласови.

Државната секретарка на Мичиген, демократската Џозелин Бенсон, изјави дека нивното потврдување на резултатите, иако дадено под притисок во јавноста, не може да се промени. Нејзината канцеларија во петокот препорача заверување на резултатот со кој Бајден во Мичиген го победил Трамп со разлика од 154.187 гласови или 1,8 отсто, откако по изборната ноќ републиканецот имаше предност од 13 отсто. Но републиканците посочуваат дека слично се случувало и со гласовите за нивните кандидати за двата дома на Конгресот, кои ги загубиле првичните водства.

Канцеларијата на Бенсон призна дека постојат „помали грешки“ при впишувањето на гласовите во извештаите без да прецизира за колку гласови станува збор, опишувајќи ги само како „типични човечки грешки слични на оние кои се случувале на на претходните избори“, и оти наводно не влијаеле врз конечниот резултат.

Бајден во изборниот колеџ (електорскиот колегиум) според пресметките на главните американски медиуми освоил 306 електорски гласови наспроти 232 гласови на Трамп, или повеќе од 270-те потребни за да се победи на американските претседателски избори.

Судовите во три сојузни држави во четвртокот ги отфрлија барањата за пребројување на гласовите од страна на кампањата на Трамп, наведувајќи низа прекршувања на изборниот процес, од пренасучување на гласачите, неброење гласови на самите избирачки места, недозволување пристап на републиканските набљудувачи на местата на кои се броеле гласови и броење на гласовите дојдени по пошта по законскиот рок. Барањата беа одбиени во Џорџија, Пенсилванија и Аразона.

Трамп во петокот е сретна со челникот на републиканското малцинство во Сенатот на Мичиген, Мајк ПШирјки, и со претседателот на мичигенскиот Претставнички дом, Ли Четфилд. Двајцатата републикански пратенции имаат клучна улога во доделувањето на електорските гласови на Мичиген. По состанокот, медиумите објавија дека двајцата наводно рекле дека „немаат инфорамации кои би го промениле исходот од изборите“.

„Како челници во законодавниот дом ќе го почитуваме законот и вообичаениот процес во врска со електорите на Мичиген“, беше пренесена од Reuters заедничката изјава на Ширки и Четфилд со додавање дека рекел оти имале доверба во процесот на проверка на изборниот процес на надлежните комитети во сенатот и претставничкиот дом на Мичиген.

Меѓутоа, во саботата Трамп објави дека медиумите погрешно ја толкуваат изјавата и твитуваше дека ќе се покаже „масовна изборна измама“. Во саботата двајцата одбија да го коментираат за медиумите твитот на Трамп.