Републиканските сенатори во горниот дом на американскиот Конгрес ги повикуваат демократите почетокот на судењето за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп да биде одложено до февруари, пренесува во петокот BBC.
Според републиканците, со одложувањето Трамп ќе добие во време да ја подготви својата одбрана.
Целта на демократите во прв ред е доколку Трамп биде прогласен за виновен за наводното поттикнување на упадот на неговите приврзаници на Капитол Хил на 6-ти јануари, да му биде забрането да се занимава со политика. Конкретно, да му се забрани кандидарањето за преседателските избори во 2024 година, што тој неколкупати го најави.
Водачот на демократите во Сенатот, Чак Шамер, според BBC, ги разгледува предлогот на републиканците. Некои демократи го поддржуваат одложувањето, тврдејќи дека и Сенатот ќе има повеќе време за потврдување на новата администрација, додека други сметат дека брзото судење е неопходно за земјата да „тргне натаму“.