![Dzon Tun](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/Dzon-Tun.webp?resize=696%2C464&ssl=1)
Републиканците во американскиот Сенат во средата го избраа истакнатиот „инсајдер“ Џон Рендолф Тун да го води гордниот дом на Конгресот, што укажува дека го избегнале евентуалниот притисок да изберат личност лојална на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, пишува Reuters.
Изборот на сенаторот од сојузната ржава Јужна Дакота американските медиуми критички расположени кон Трамп и понаклонти на демократите, го оценуваат како знак дека Сенатот може да има одреден степен на независност од претседателот следната година, кога републиканците ќе имаат контрола врз Белата куќа, а многу веројатно и во Претставничкиот дом.
Републиканците ќе имаат најмалку 52 места во 100-члениот горен дом и тие се на пат да го задржат мнозинството во долниот дом на Конгресот, каде сѐ уште се чекаат конечните резулатит од изборите одржани на 5-ти ноември.
Тун е 63-годишен искусен пратеник кој важи за умерен и близок со многу републиканци. Во моментов тој е вториот највисоко рангиран републиканец во Сенатот, а на новата функција ќе го наследи 82-годишниот Мич Меконел, лидер на овој дом со најдолг мандат во историјата.
Тун ги победи сенаторите Џон Корнин од Тексас и Рик Скот од Флорида, близок сојузник на Трамп поддржан од влијателни непартиски личности како милијардерот Илон Маск и конзервативниот коментатор Шон Ханити. Самиот Трамп јавно не поддржа ниеден од предложените кандидати за челник на Сенатот.