Републиканците влегоа на сослушувањето во Конгресот протестирајќи дека им е ускратен пристапот во истрагата против Трамп

Дваесетина републикански пратеници упаднале во средата во сигурната соба за сослушување во подрумот на зградата на американскиот Конгрес, жестоко протестирајќи и обвинувајќи ги демократите дека водат истрага против американскиот претседател Доналд Трамп потајно и пристрасно и оти предизвикаа хаос во истрагата во рамките на можното отповикување на американскиот претседател.

Станува збор за група пратеници која немала дозвола да присуствува на сослушувањата во рамките на истрагата. Поради нивниот упад и драматичниот судар со демократите, како што опишуваат американските медиуми, сослушувањето не можело да се одржи и започнало со четири часа задоцнување со сведочење на функционерка на американскиот минисер Лаура Купер, рекле сведоци на инцидентите.

„Дури и не знаеме што се случува“, изјавила пратеничката Дени Леско од сојузната држава Аризона за сослушувањата на коишто учествуваат ограничен број републикански и демократски пратеници.

Приговорите за сметка на правичностите на постапката се централен дел од републиканските акции против истрагата во рамките за можното отповикување на американскиот републикански претседателот Доналд Трамп.

Зад затворените врати состојбата со сослушувањето е покомплексна, републиканците учествуваат во секое сослушување, иако нивната улога е ограничена, бидејќи демократите имаат мнозинство и на секое сослушување ги има најмалку десетина пратеници, а често и повеќе демократи седат на правоаголната маса, републиканците од десната а демократтие од левата страна, изјавил демократскиот пратениник од Калифорнија, Харлеј Руда. Додава дека дека секоја страна добива исто време за поставување прашања.

Досега 47 републикански пратеници од три комисии на Претставничкиот дом, за разунавачки прашања, за надворешни работи и за надзор, присуствувале и учествувале во сослушувањата на осум дипломати и владини функционери кои досега се повикани да сведочат. На тие сослушувања учествувале и 57 демократски пратеници од трите комисии, но учеството не е дозволено за никој друг од овие две партии.

Во рамките на истрагата се испитува дали претседателот Доналд Трамп вршел притисок врз украински функционери да го истражат евентуалното влијание на поранешниот демократски потпретседател Џо Бајден врз Киев да го смени украинскиот државен обвинител кој ја истражувал корупцијата на енергетска компанија во која во управниот одбор беше неговито син Даглас Бајден. Џо Бајден, инаку, е најсериозниот претендент за претседателски кандидат на Демократската партија на изборите во 2020 година. Притоа, според демократите, Трамп наводно ја условувал истрагата со американската помош за Украина, што нејзиниот претседател Владимир Зеленски го негираше.

Републиканскиот пратеник од Флорида, Мет Гаец, кој го водел упадот во средата изјавил дека неговите сопартијци кои учествувале на сослушувањата се најдобрите, но не можат да ги замената сите други републикански пратеници кои не смееле да присуствуваат на сослушувањата. „Станува збор за милиони Американци, кои тие ги претставуваат“, додал.

Републиканците тврдат дека постапката е неправична, бидејќи претседателот на овие сослушувања нема свој адвокат, како и дека демократите ја забрзуваат постапката, селективно пропуштаат материјали за медиумите и прогласуваат класифицирани документи кои не се тајни.

Републиканците се жалат и дека само шест помошници на републиканските претеници добиле дозвола да присуствуваат на сослушувањата, додека бројот на демократските помошници е многу поголем, како и дека прегледувањето на транскриптите од овие сослушувања е можно само во надгледувани простории.

Демократите се бранат со објаснувањето дека оваа фаза од истрагата секогаш е тајна, како и секоја истрага во американскиот правосуден систем која се одвива пред големите пороти. Порачуваат дека републиканците приговараат за процедурата, бидејќи наводно не сакале да се соочат со наводните изнесени докази и да дискутираат за нив. Така, тврдат, не ги довеле во прашање наводно Дсериозните наводи кои ги уизнел американскиот дипломат со мандат во Украина, Вилијам Би Тејлор помладиот, тврдејќи дека поради тајноста тоа не го можат. Демократите потсетуваат дека и истрагите во Конгресот против поранешните претседатели Ричард Никсон и Бил Клинтон се воделе зад затворени врати.