Решени 873 барања од граѓани преку електронската адреса [email protected]

На електронската адреса за комуникација со граѓаните [email protected] досега се пристигнати 998 барања, од кои решени се дури 873 проблеми. Најголемиот број граѓани на овој меил пријавиле локации на кои се создаваат диви депонии, се интересирале за процедурите за сечење суви дрвја, побарале поставување семафори, сообраќајни знаци или столпчиња за да се спречи непрописното паркирање на јавните површини, а има голем број предлози и за подобрување на јавниот превоз.

На електронската адреса [email protected] граѓаните можат да пријавуваат проблеми од областа на урбаното живеење, а градската администрација е задолжена да одговори на барањата во рок од 24 до 72 часа.

Целта на овој проект е ефикасно и ефективно работење на градската администрација во служба на граѓаните, која ќе придонесе Скопје да биде функционален град кој нуди брзи, квалитетни и навремени услуги за скопјани. Со ваквиот начин на комуникација Градот Скопје станува поблизок до скопјани и има за цел преку непосреден однос со граѓаните да ги реши сите проблеми кои ги имаат.