Извонредно ретка копија од американскиот устав донесен 1787 година, е продаден во четвртокот ноќта на наддавање во Њујорк во организација на аукциската куќа Sotheby’s за рекордни 43,2 милиони долари.
„Една од најинтерисните приказни од синоќешната аукција беше продажбата на официјалното прво издание на печатениот примерок од уставот на Соединетите држави и прва копија на конечниот текст на уставот. Ова ретко печатено издание на уставот го собори ценовиот рекорд кога станува збор за еден документ понуден на аукцијата, продадено е за дури 43,2 милиони долари“, изјавија од Sotheby’s.
Аукциската куќа првично процени дека документот ќе постигне цена од 15 до 20 милиони долари. Идентитетот на новиот сопственик на овој примерок од американскиот устав остана непознат.
Од Sotheby’s појаснија дека станува збор за еден од само 13-те сочувани примероци на документот, печатен за потребите на Уставната конвенција одржана 1787 година во Филаделфија, кои тогаш им се поделени на учесниците на конвенцијата, и еден од само двата примерока во приватна сопственост.
Докуменот последен пат на наддавањет беше продаден во 1988 година кога постигна цена од 165.000 долари. Го купи сега покојниот Хоуард С. Голдман, њујоршки милијардер, развивач на недвижнини и колекционер на американски автограми, документи и вредни ракописи.
Приходот од продажбата ќе оди во добротворната фондација која го носи името на неговата сопруга, Дороти Тапер Голдман. Фондацијата финансира образовни програми за студенти, а целта ѝ е да го унапреди разбирањето на демократијата во јавноста, пишува Sotheby’s.