Reuters: Русија ќе потроши 600 милијарди долари за одбрана и безбедност до 2025-та

Русија според најновиот план планира да потроши 34 билиони рубљи, или 600 милијарди американски долари, во одбранбениот и безбедносен сектори, како и на внатрешната безбедност, во периодот меѓу 2022 и 2025 година, објави во петокот агенцијата Reuters повикувајќи се на наводен извори запознаен со плановите на руското министерство за финансии.

Според последните официјални податоци, Русија во спомнатиот период од 2022 до 2025 година ќе потроши вкупно 18,4 милиони рубљи на националната безбедност, од кои 4,7 билиони рубљи оваа година.

Претходно во Москва било планирано да бидат потрошени 3,5 билиони рубљи во одбраната од вкупно 10,9 билиони рубљи во периодот од 2022 до 2024 година. Предвидената годишна потрошувачка за безбедносните агенции и полицијата, останале непроменети на 2,8 билиони рубљи.

Се очекува дека ќе потроши 15,6 билиони рубљи меѓу 2022 и 2025 година, што би било значително зголемување во споредба со претходната алокација од околу 8,7 билиони рубљи за периодот од 2022 до 2024 година.

Изворот на Reuters не дал детална анализа или други поединости., додека руското министерство за финансии одбило да ги коментира таквите наводи.

Русија се ангажира од февруари во војната со Украина, која сигурно ги зголемува трошоците во одбраната, а оваа седмица објави мобилизација на 1 отсто од вкупниот резервен воен состав, но сепак станува збор за околу 300.000 резервисти чиишто семејства ќе добијат финансиска помош од по неколку стотици илјади рубљи,