Revalid-нова револуционерна линија против опаѓање на косата

Revalid® Swiss Hair Care производите на швајцарскиот бренд Revalid, се наменети за спречување на опаѓање на косата и за стимулирање на раст на косата. „Линијата на Revalid® Swiss Hair Care за нега на коса, поточно серумот за раст на коса и шампонот за стимулација на раст за коса, се револуционерни и достапни за секого, по пристапни цени кои може да се купат во аптеките низ државата.  Овие производи содржат иновативна и патентирана состојка Redensyl®, која го обновува растот на косата,  го намалува губењето и ја зголемува густината на косата за 8%, што одговара на 28.000 нови влакна по 3 месечна редовна употреба“ велат од тимот на Revalid® Hair Care Македонија.

Од компанијата велат дека во одредена мера опаѓањето на косата е дел од природниот процес на стареење: 40 отсто од мажите ќе имаат видливо опаѓање до 35-тата година, додека 50 до 70 проценти од жените ќе страдаат од некаква форма на опаѓање на косата до 65 година. Затоа потребата од користење на овие производи е неминовна.  „Redensyl® го стимулира растот на косата, истовремено намалувајќи го губењето на истата. Клиничка студија докажала дека тој има насочен ефект врз матичните клетки на фоликулот на влакното кои се извор на нова коса.

Revalid® е бренд основан во 1992 година во Швајцарија специјално создаден да обезбеди холистички решенија за нега на коса и против опаѓање на коса, а сите производи се дерматолошки тестирани и произведени во Швајцарија.