Реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Јувентус и Лион на 7-ми август

Претседателот на францускиот прволигаш Лион, Жан-Мишел Олас потврди во саботата за француската телевизија RTL дека неговиот клуб реванш дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Јувентус ќе го одигра на 7-ми август.

Натпреварот ќе се игра пред празни трибини во Торино. Првиот меч заврши во полза на Лион со минимална предност од 1:0.

„Потврдуваме дека нашиот натпревар против Јувентус ќе го играме на 7-ми август, без гледачи. Доколку нашето правно дејство француското првенство да продолжи не успее, Лион и Пари Сен Жермен ќе бидат масакрирани од клубовите кои ќе се подготвуваат“, изјави Олас за RTL.

Засега не е познато кога ќе се одигра мечот меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, кој пред прекинот на натпреварувањето требаше да се игра истиот ден како и дуелот Јувентус – Лион.

Многу фудбалски федерации доправа траба да одлучат дали ќе ги продолжат националните превенства или само ќе ги завршат, а УЕФА им даде рок да се изјаснат до 25-ти мај. Англиската фудбалска федерација има намера да го продолжи првенството, додека француската La Ligue de Football Professionnel (LFP) го откажа продолжувањето на првенството и го прогласи првакот.

Иако има клубови кои ја пофалија одлуката на LFP, таа се најде и на удар на критиките. Со неа ПСЖ дојде до деветтата титула, а Тулуз и Амјен испаднаа во втората лига, иако до крајот на шампионатот останаа дури 11 кола.

Лион веднаш се закани со тужба, имајќи предвид дека прекинот на првенството и откажувањето на продолжувањето го оставија без можноста да се квалификува за настап во европските купови следната сеззона, иако е шести со само бод помалку од петопласираната Ница.