Резултат од политиките на СДСМ: Каракачанов среде Скопје „Нема зошто да го делиме Гоце Делчев, тој е Бугарин“ (ВИДЕО)

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, и лидер на националистичката ВМРО-БНД во изјава за бугарската тв НОВА среде Скопје дека Гоце Делчев јасно искажал дека е Бугарин и дека кога станува збор за заедничката историја, нема што да делат Македонија и Бугарија, пишува порталот Курир.мк

На прашањето на новинарката за заедничката историја и за тоа „како ќе го делиме Гоце Делчев“ Каракачанов одговара:

„Нема зошто да го делиме Гоце Делчев. Тој е херој на еден народ. Тој или Даме Груев или многу од спомениците во Скопје, ако човек прочита што напишале, ќе разбере дека нема што да делиме – ‘Што да правиме кога сме Бугари’. Нема што да разговараме, кога тој самиот напишал што е. И Гоце Делчев и Даме Груев, нема зошто да ги делиме кога си напишале самите што се“, изјави лидерот на ВМРО-БНД Каракачанов.

https://www.youtube.com/watch?v=HTRjHHVuMDQ

Со ова Каракачанов јасно ги откри задните намери и вистинскиот став на бугарската страна – дека под формулацијата „заедничка историја“ се крие всушност барањето да се признае бугарски карактер на македонската историја, а ова Зоран Заев, Никола Димитров и Владата на РМ го потпишаа со насмевки на лицето, обидувајќи се да ја изманипулираат јавноста дека „тази дупка не е дупка“ односно дека зад „заедничката историја“ ставена во договор се крие унапредување на односите меѓу Македонија и Бугарија.

Сега е и јасно како ден какво ќе е тоа унапредување – според договорот ќе има комисии кои ќе утврдуваат историски факти и секогаш кога ќе биде тема Гоце Делчев, дури не потпише „Заев“ (односно макеонската комисија обвррзана од Заев) дека Гоце е Бугарин, ние нема да имаме зелено светло за членство во ЕУ и НАТО, што беше главната придобивка од договорот според она во што не убедуваа Заев, Шекеринска и колегите.

https://www.youtube.com/watch?v=14a0cgMKLEY

Притоа, Делчев е само еден од македонските херои кои ќе ни ги оспорува Бугарија, односно со потписот на капиитулантскиот договор можностите да не спорат за секој еден лик или настан се безбројни. Како ќе го прават тоа? Точно онака како што опиша Каракачанов, или со фалсификувани изјави или со изјави кои во даден контекст и време не означувале она што денес претставуваат македонскиот и бугарскиот народ.

Каракачанов никогаш нема како факт да ја признае изјавата на Гоце Делчев во која вели:

„Македонија има свои интереси и своја политика. Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединување на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец“.

Ова ќе се смета за невалидна изјава и Каракачанов (односно комисијата која ќе ја формира) ќе презентира други две изјави со кои ќе тврдат дека Гоце Делчев не е Македонец и дека нема зошто да го делиме.

„Или ќе прифатите дека е Бугарин, или нема НАТО и ЕУ за вас“ е краткото сиже од договорот кој Заев го потпиша со Борисов, заклучува Курир.мк.

Од каде ова може да се заклучи? Човек не мора да биде премногу информиран, иако владино лице кое потпишува ваков значаен и комплициран договор кој не попусто се преговарал долго – мора да биде информиран. Барем за тоа кои се ставовите на Каракачанов и Сидеров, најголемите националисти од Бугарија кои со две раце го потпишаа текстот на договорот меѓу Македонија и Бугарија.

Еве едно видео од пред неколклу години во кои Каракачанов, на прашање од водителот „Дали Македонија може да опстои како држава“ вели дека една од опциите за иднината на Македонија е да биде дел од голема Бугарија.

https://www.youtube.com/watch?v=GterXxtYtnk

Сега е и јасно зошто преговорите на ВМРО-ДПМНЕ траеа 10 години, а Заев се договори за 10 минути: едноставно не побара ништо од интерес на Македонија, ниту се обиде да го брани македонскиот национален интерес и историјата и идентитетот на својот народ, а паралелно прифати се што му побараа колегите од Бугарија, па дури и тоа во договорот да не стои никаде „македонски народ“.

За крај на овој текст во кој новата Влада „го продаде“ Гоце Делчев на Бугарија, уште еден цитат од апостолот на македонското револуционерно дело оставен во писмото (втора страница) од Гоце Делчев до Никола Малешевски од 1897 година:

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди, како Македонскиот народ“.

narod