РФМ ја исплати наградата од 50.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласман на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска. Ова доаѓа по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата од 50.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска.
Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска совладувајќи ги репрезентациите на Романија и Чешка во бараж квалификациските натпревари. Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи осмо учество на ракометен Мундијал кој ќе се одржи во Полска и Шведска во јануари 2023 година.