
Ријана во кимоно отиде на венчавка. Поп принцезата деновиве престовува во Њујорк, каде повторно успеа да го привлече вниманието со невообичаениот избор на облека и воопшто со невообичаениот стајлинг.
Ријана веќе стана позната по тоа што мошне често сака да експериментира со стилот и постојано бира ексцентричен стајлинг, но овој пат отиде и чекор подалеку.

Таа на венчавката на нејзината стилистка и пријателка Соња Бенсон се појави во кимоно.

На свеченоста, Ријана присуствуваше како гостин, но и отпеа неколку песни. Таа за оваа прилика одбра свилено кимоно со портокалови лотосови цветови. Целиот стајлинг го надоплонила со минималистички сребрени сандали и чанта на Диор во иста нијанса.
Со овој необичаен стајлинг, Ријана ги стави во сенка поголемиот број присутни на венчавката.