Ристовски: Македонија на чекор до билингвалност (ВИДЕО)

Аналитичарот Љупчо Ристовски смета дека водењето на седниците на Собранието на албански јазик е преминување на границата и претворање на Македонија во билингвална држава, што директно задира во унитарниот карактер на Македонија.

-Да се внимава. Јас очекувам Социјалдемократскиот сојуз штом вели дека работа на унитарна Македонија, ќе внимава до каде е границата да не се прејде во билингвална Македонија. Ако се помине таа граница, а ќе се помине ако се претседаваат седници на собрание како највисок законодавен дом. Ако тој почне да претседава и на албански јазик, тогаш веќе прашање е дали границата е помината. Тоа е точката оти тогаш веќе ќе може и документи да излегуваат на албански јазик од собранието до другите институции, но кој гарантира дека нема да излегуваат и надвор од државата во меѓународна употреба- рече Ристовски.

Ристовски додава дека со билигваноста ги рушиме позициите на Македонија во предоговите со Грција и постои сериозна опасност да го изгубиме правото на употреба на придавката Македонски во меѓународна употреба, што преставува чин на велепредавство на македонските национални и државни интереси.

Ова се стравовите и негативните емоции кои се подигаат кај населението, од аспект на преговорите со Грција. Највидок приоритет е ние да го задржиме правото на придавката Macedonian или македонски за меѓународна употреба, значи ерга омнес. Ако ја прејдеме границата на билингвалноста на македонија, тогаш ние го губиме аргументот во преговорите со Грција и ќе останеме со придавката македонски само за домашна употреба што за мене е рамно на велепредавство- смета Љупчо Ристовски.

Во текот на вчерашниот и завчерашниот ден Талат Џафери седницата ја водеше во неколку наврати на албански јазик, што експертите го толкуваат како внесување на албанскиот јазик во водењето на пленарни седници на собранието и на тој начин излегување од рамките на Уставот, деловникот и Законот за употреба на јазиците. За ваквата нова пракса која ја воведе Џафери во Собранието, реагираше само ВМРО-ДПМНЕ, а пратениците на СДСМ немаа апсолутно никаква реакција. Однесувањето на новото парламентарно мнозинство во собранието беше вовед во сценариото од кое се плаши Љупчо Ристовски за создавање на билингвална држава и велепредавство на интересите на Македонија.