![dibirov protiv ppd zagreb](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/dibirov-protiv-ppd-zagreb.jpg?resize=640%2C444&ssl=1)
Европската ракометна асоцијација ЕХФ ги соопшти во средата рејтинзите за клубовите по една третина од групната фаза во Лигата на шампионите, а македонскиот шампион Вардар поради одличната игра се наоѓа на четвртата позиција меѓу десетте најдобри.
Во анализата на европската ракометна куќа се наведува дека Вардар импресионира со играта, а тренерот Роберто Парондо пронашол вистински баланс при повторната изградба на тимот, користејќи ги играчите од старата екипа плус неколку важни засилувања.
На првото место се наоѓа Барселона, а пред Вардар се уште и ПСЖ и Пик Сегед. Зад македонскиот првак се позиционира Кјелце, а меѓу најдобрите десет екипи се наоѓаат уште и Рајн-Некар Левен, Веспрем, Нант, Скјерн и Силкеборг.