Легендите доаѓаат тивко и влегуваат во историјата. Тој е повеќе од легенда, ракометна икона, и идол на сите млади ракометари. Беспоштеден борец, фајтер до крај..
Со пласман на СП 2023 година и триумф во квалификациите против Чешка, нашиот капитен Стојанче Стоилов ја заврши репрезентативната кариера. Им остави трасиран пат на младите да продолжат по неговите стапки. Повеќе од една деценија беше еден од бедемите на македонската ракометна репрезентација. Столе ти си наша икона! Се вели во Фејсбук статусот на РК Вардар.