Aктерот Роберт Де Ниро со краток говор го отвори Сараевскиот филмски фестивал (СФФ), за кој наведе дека „е роден во текот на мрачни и опаснин времиња“.
Де Ниро во оваа прилика изјави дека е почестен што го отвора фестивалот во Сараево, после што му беше врачена специјална награда Почесно срце на Сараево за животно дело.
– Среќен сум што сум тука. Чест ми е што сум поканет. Бев заинтересиран да дојдам тука. Ме прашаа повеќепати и јас ветив дека ќе дојдам. Ги донесов своите две деца и сакав тоа да го доживеат со мене – порача Де Ниро кој призна дека не гледал ниту еден филм од Б и Х, но „дека тоа би го сакал“.
Годинашниот СФФ, кој трае од 12 до 20 август, во рамките на 18-те фестивалски програми, ќе претстави 223 филмови од 61 држава.