Роберто Солдадо ќе го глуми Диего Коста

Поголемиот дел од парите кои ќе бидат заработени од продажбата на најголемата ѕвезда, Диего Коста, раководните лица на шпанскиот прволигаш Атлетико (М) ќе ги искористат за да ги осигураат услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Роберто Солдадо.

Од ден на ден се погласни и погласни се шпекулациите дека Диего Коста ќе биде продаден на стартот од летниот преоден рок на првиот клуб ќе одвои најмалку 40 милиони евра за неговите услуги.

Најголем интерес за новопечениот репрезентативец на Шпанија до сега покажа сопственикот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Роман Абрамович, но понуда за неговите услуги сигурно ќе испратат и челниците на Арсенал.
Нешто повеќе од половина, околу 22 милиони евра челниците на Атлетико (М) ќе понудат за услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на Тотенхем, Роберто Солдадо.