Се плашам дека Договор за ново име за Република Македонија нема да доведе до предвремено полноправно членство на Македонија во НАТО, или добивање датум за отпочнување на преговори за полноправно членство во ЕУ, бидејќи ќе биде проследено со една цела серија на понатамошни предуслови и условувања од Грција, пред Македонија да им се приклучи на евроатланските асоцијации, вели во еклсузивното новогодишно интервју за Програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ, поранешниот медијатор во спорот со името, британскиот амбасадор Робин О’Нил.
„Се сомневам дека всушност Грција и понатаму фундаментално се противи на приклучувањето на Македонија во НАТО или во ЕУ, и ќе се обиде да го спречи тоа под никакви околности“, категоричен е О’Нил и додава:
Името на Република Македонија е дел од уставот, и секој предлог за усвојување на друго име сигурно треба да се стави на референдум.
Коментирајќи околу „Пакетот на португалецот Пињеиро и предлогот Нова Македонија“, О’Нил, истакнува:
Уште од мојата мисија во 1992 година го зедов гледиштето дека името на републиката како Република Македонија е прашање на самите граѓани и дека е сериозна непристојност од страна на Грција да се обиде да диктира ново име.
Според амбасадорот О’Нил, во Грција, ова прашање никогаш не било повеќе од прашање на партиска политика и популистичко расположение. Името на Република Македонија на кој било начин никогаш не ја загрозило стабилноста на Грција, како што тоа се покажа во последните 25 години.
Во 1992 година го ставам напред како можно компромисно име на Република Македонија, (Скопје), затоа што Владата на Република Македонија во тоа време беше подготвена да го прифати (предмет на одобрување од страна на граѓаните на Македонија). Но, Грција го отфрли тој компромис, а има и луѓе во Грција кои сеуште ќе се противат на какво било име што го вклучува зборот Македонија, потенцира тој.
Осврнувајќи се околу медијаторството на Нимиц, поранешниот преговарач околу името, О’Нил со став:
Во последниве години, процесот на медијација нема постигнато никаков напредок, бидејќи Грција никогаш не го прифати принципот на медијација. Нејзиниот единствен интерес беше да ја принуди Македонија да усвои име што ќе го избере Грција. Затоа, сугерирав дека Обединетите нации треба да бараат официјално одобрување на Обединетите нации за вистинско име според меѓународното право, а не привременото име ПЈРМ. Голем дел од членките на ОН веќе ја признаа Македонија како Република Македонија, а одобрувањето од Генералното Собрание не треба да претставува проблем. Откако тоа ќе се постигне, би било тешко другите членки на НАТО и ЕУ да продолжат да ги поддржуваат приговорите од страна на Грција, истакнува британскиот дипломат.
Тој оценува: „Прифаќам дека, сепак, ако се смета за неопходно претходно одобрение од Советот за Безбедност, кое може да се судри со забелешки од страна на некои постојани членки на Советот, иако вето ќе биде сосема неоправдано бидејќи прашањето не е од оној вид што може да се оправда на вето“.
О’Нил вели дека и се обраќа и’ на оваа македонска влада со став:
Ако владата на Македонија придава највисок приоритет да стане членка на НАТО и на ЕУ, можам да видам зошто тие би можеле да бидат подготвени да усвојат ново име (ако се согласат и луѓето во Македонија). Исто така, се сомневам дека всушност Грција и понатаму фундаментално се противи на приклучувањето на Македонија во НАТО или во ЕУ и ќе се обиде да го спречи тоа под никакви околности, смета тој.
Целосно се согласувам дека тоа е многу важно за стабилноста на балканскиот регион како целина, и навистина за самата Македонија, но Македонија нема да стане членка на НАТО и на ЕУ што е можно поскоро. За сегашноста, јас ќе и’ препорачам на Владата на Македонија да преземе итни билатерални разговори со највлијателните држави, за да се утврди она што тие навистина го мислат во однос на ова прашање, вели британскиот диплпомат и поранешниот медијатор во спорот за името, Робин О’Нил во ексклузивното интервју за „Гласот на Народот“.