Поранешниот помошник министер во Министерството за внатрешни работи, Ѓоко Поповски, е во добра здравствена кондиција и ќе може да присуствува на судењата за случајот „Триста“ каде е на Специјалното јавно обвинителство, во кој е обвинет од за набавката на триста возила за потребите на МВР, а поради новиот распоред на судиите во Кривичниот суд предметот ќе го преземе друг судија веќе на рочиштетот закажано за 19-ти февуари.
Вештакот без присутво на јавноста, што е вообичаено за ваква постапка, во четвртокот утврди дека Ѓоко Поповски е здравствено добар. Претходно неговите адвокати на минатите рочишта тврдеа дека е во депресија и поради лековите не е во состојба да ги следи судењата. Но, сепак и денеска рочиштето се одложи.
Со новиот распоред во Кривичен ќе се смени и судијата кој го води случајот. Поради тоа рошиштето се одложи за 19-ти февруари, бидејќи поради новиот распоред на претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, ќе се менува судијата и членовите на советот што го водат предметот. Судијката Лидија Петровска, која досега го водеше предметот со новиот распоред од случаи од организиран криминал ќе суди прекршоци.
Инаку Поповски е осомничен и во последната истрага на Катица Јанева, „Странски служби“. Тој и Горан Грујевски се сомничат дека преку извештај поготвен од израелски експерти требало да се убеди јавноста, но и коалиционите партнери на ВМРО–ДПМНЕ дека во земјава прислушуваат тајни агенти од странство со комбиња. Поповски за новинарите во четвтокот немаше коментар за овој случај.
Ѓоко Поповски е обвинет во случајот „Триста“ за набавка на возила за полицијата. Според обвинението, тој наводно го оштетил буџетот за речиси половина милион евра, односно одлучил бизнисот да го добијат компании кои не дале најниска понуда.