![miradz](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/05/miradz.jpg?resize=696%2C396&ssl=1)
Родителите на детето кое почина ги демантираат тврдењата на здравствените власти кои велат дека детето починало од сипаници. Орхан Шабани вели дека неговиот син Мираџ, веќе починат, 6 месеци боледувал од белите дробови.
Потресното сведоштво на родителите го објавува ТЕЛЕВИЗИЈА 21.
Таткото ги обвинува лекарите и вели дека тие не го лекувале неговиот син како што треба. И лекарските извештаи потврдуваат дека на детето му била дијагностицирана бронхопневмонија.
-Мојот син не почина од сипаници, тоа е три дена и ги помина, како кај секого. Мојот син претходно имаше бронхитис и проблеми со пневмонија. Беше 11 дена во “Козле“ на Водно, потоа на Клиниката за Инфектологија два дена и не се погрижија како што треба, му дадоа само инфузија, слаба терапија му дадоа и не го испитаа подетално, вели Орхан Шабани, пренесува телевизијата.
И мајката на Мираџ, Суреја, вели дека нејзиниот син не бил лекуван правилно. Таа вели дека со месеци одела по болниците, а дека нејзиниот син сипаници добил во болницата Козле. Според неа, Мираџ починал 2 недели откако му поминале сипаниците.
-Не преземаа мерки и да ни кажат дека има сипаници. Од болницата за детски болести им се јавија телефонски и им кажаа дека многу пациенти од Козле доаѓаат со сипаници, дека не е само моето дете. На сите пријатели кои беа тука, децата им беа со сипаници. Медицинските услуги многу слаби-вели Суреја Шабани.
Целиот текст прочитајте го на ТВ21.