Најдобриот фудбалер во дресот на Борусија од Дортмунд, Марко Ројс ги израдува најверните фанови на германскиот бундеслигаш со изјавата дека не планира никаква промена на клупската средина за време на зимскиот преоден рок.
„Имам договор со Борусија од Дортмунд и многу сум среќен што сум дел од овој голем клуб. Среќен сум во Дортмунд и се што можам да кажам е дека не планирам никаква промена на клупската средина. Целосно сум фокусиран на мојот клуб и не сакам да зборам за тоа што може да се случи во блиската или далечната иднина”, изјави репрезентативецот на Германија.
Крилниот напаѓач има договор со популарните “милионери” до 2017 година, но во неговиот нов договор има и ослободителна клаузула од 30 мил. евра.