Рокот истекува во 19:00 часот – дали Трајковски ќе биде навреме пријавен за дуелот со Кожув ?!

Трајковски продолжува во Аполон од Грција

Причина за ова е фактот што сѐ уште не е обезбеден сертификатот од федерацијата на Косово, каде што настапуваше минатата сезона во дресот на шампионот Сигал Приштина.

Управата на тимот од “Градски парк” прави максимални напори да дојде до драгоценото парче хартија, кое ќе му овозможи на тренерот Марин Докузовски да добие големо засилување во играта под кошевите, но решението е во рацете кај косовските челници. Според актите, последен рок за регистрација на Трајковски е денес до 19 часот, односно 24 часа пред одигрувањето на средбата во Гевгелија.

Засега е сигурно дека во црвено-белиот состав на дерби мечот со Кожув ќе бидат Ивица Димчевски и Јане Петровски, кои исто така ја официјално ја парафираа соработката со Работнички. Претходно, “центарци” ги договорија услугите на Стојан Ѓуроски и на Бојан Крстевски. Сите овие кошаркари, вклучувајќи го и Трајковски, имаат отворени договори, односно ќе играат за тимот од “Градски парк” додека не обезбедат трансфер во друга средина, која се надеваат дека ќе биде во странство.

Покрај останатите, и Јане Петровски останува во тимот на Работнички
Покрај останатите, и Јане Петровски останува во тимот на Работнички

Ангажманот на петорицата сегашни или поранешни репрезентативци не ја менува политиката на управата на 14-кратниот шампион за подмладување односно за давање шанса на младите таленти.

Играњето на Трајковски, Димчевски, Петровски, Ѓуроски и на Крстевски нема да значи губење на минутажата за талентираните Ефремовски, Николиќ, Цветковски, Серафимовски и Станков туку обезбедување квалитетни соиграчи од кои тие би имале што да научат.