Ролан Гарос: Зверев спаси меч-топка во пресвртот против Баез

Третиот тенисер на светот, германскиот играч Александр Зверев со голем пресврт сепак успеа да избори пласмат во третото коло на годинешното издание на Ролан Гарос, преку Аргентинецот Себастијан Баез совладувајќи го со 2:6, 4:6, 6:1, 6:2, 7:5, во меч кој траеше 3 часа и 36 минути.

Дебитантот на земјените терени во Париз, Баез во мечот од второто коло во петтиот сет имаше и мел-топка при негово водство 5:4, но Зверев сепак успеа да го задржи сервисот, да израмни на 5:5, а потоа во следниот гем и да му го одземе сервисот на 21-годишниот Аргентинец и на крајот да остане во можност за својот прв „грен слем“ во кариерата.

Зверев во третото коло ќе игра против победникот од пресметката меѓу Американецот Брендон Накашима и Холанѓанецит Талон Грикспур.