
За денеска предлагаме да подготвите вкусно роловано свинско и капучино колач.
Потребно:
1кг свинско каре
200г чадена сланина
200г свежи шампињони
150г моркови
200г спанаќ
100мл бело вино
100мл вода
2 чешниња лук
Сол
Бибер
Маслиново масло
Подготовка:
Исечете го морковот на долги ленти и обарете го.Пропржете ги печурките и зачинете ги.Исчистете го и измијте го спанаќот. Засечете го месото по должина за да се добие површина за филување. Посолете и наросете црн бибер, а потоа исчукајте го за да стане потенко. На еден од краевите, наредете ги парчињата чадена сланина и додајте ги морковите, шампињоните и спанаќот. Завиткајте го месото во ролат и врзете го со готварски конец. Премачкајте го месото со сенф и потпечето го на скара од сите страни. Потоа ставете го во тава за печење и додајте вино, вода, лук и маслиново масло. Покријте ја тавата со фолија и печете го месото 1 час на температура од 200°C.
По еден час, отстранете ја фолијата и печете го ролатот уште 10-15 мин. Сервирајте го со рестуван компир и свежа салата.
ВКУСЕН КОЛЕЧ КОЈ БРЗО СЕ ПОДГОТВУВА
Потребно:
150 грама Шеќер во прав
30 Пишкоти
650 милилитри Млеко
150 грама Маргарин
2 лажици Крем
1 кесички Капучино
2 Ванила пудинга
100 милилитри овошен Јогурт
Потребно:
Сварете го пудингот со млеко и оставете го да се олади. Маргаринот пенесто изматете го со шеќер во прав и соединете со оладениот пудинг.
Додадете го овошниот јогурт, овошје (ако сакате), еурокрем и половина кесичка капучино.
Сето тоа добро изматете го, за филот убаво да се соедини.
Помешајте 100 мл. млеко со преостанатото капучино и промешајте, па во тоа изматете ги пишкотите и редете ги на сад за пуслужување, па преку нив фил и повторно пишкоти.
На крајот, одозгора ставете шлаг.