Рома преговара со Андреа Белоти

Португалскиот тренер Жозе Мурињо е пред носење на уште едно импресивно засилување во Рома, откако „волчицата“ испрати понуда за поранешниот капитен на Торино, Андреа Белоти.

28-годишниот италијански репрезентативец е слободен играч откако му истече договорот со Торино, каде што помина седдум сезони, и според „Калчомеркато“, Рома смета на неговите услуги како засилување на нападот покрај Теми Абрахам, и се чека само Елдор Шомуродов да биде позајмен на Болоња.

Рома му нуди на Белоти двегодишен договор со опција за уште една сезона и годишна плата од 2.8 милиони по сезона, која може да порасне на 3.5 милиони евра со бонусите. Рома очекува одговор од Белоти и неговата сопруга, која му е агент на фудбалерот во текот на следната недела.