Рома за Дерби дела Капитале продала 46.000 виртуелни влезници

Вечерашното римско дерби меѓу Рома и Лацио ќе се игра пред празни трибини, меѓутоа „Волчицата“ продала 46.000 виртуелни влезници, а целиот приход ќе биде префрлен во добротворни цели.

Иако во среда на финалето на Купот на Италија меѓу Јувентус и Аталанта ќе бидат дозволени 4.000 гледачи, на натпреварите во Серија А и нараму поради пандемиските ограничувања нема поблика.

Меѓутоа, Рома реши да го одобележи ова „Derby della Capitale“ со продажба на 46.000 виртуелни влезници по цена од две евра.

Навивачите можат да го купат виртуелниот билет, а го изберат своето место на стадионот и да станат дел од сликата на трибините//

Иницијативата успеа, бидејќи се продадени сите понудени 46.000 влезници. Навивачите ќе добијат маичка со пораката „Mai Sola“ (Никогаш сама), ваучер за купување предмети во клупските бутици „Roma Store“ и учество во томболата за освојување на бројни награди.

Клубот најави дека целиот приход ќе оди во добротворни цели.

Дербито меѓу Рома и Лацио на респоред е вечерва во 20,45 часот.