Романци украле лаптопи во вредност од 50.000 евра

Романската полиција уапси седуммина осомничени, кои се качиле на камион во движење и украле лаптопи и електронска опрема во вредност од 50.000 евра.

Портпаролот на полицијата, Драгош Циприан Романеску изјави дека кражбата била извршена доцна синоќа на главниот автопат во источна Романија.

Тој посочи дека осомничените се наоѓале во три автомобили, од кои едниот се движел пред товарниот камион, а останатите два по него.

Според него, најмалку еден од групата се качил на покривот на автомобилот и оттаму влегол во камионот и ја украл опремата.

Тоа било како на филм. Си ги ризикувале животите, рече полицискиот портпарол.

Тој прецизираше дека лицата, кои се на возраст од 27 до 44 години и претходно биле осомничени за кражби и под полициски надзор.