Силно невреме, проследено со интензивни снежни врнежи и екстремно ниски температури зафати дел од Европа и Балканот.
Во моментов најпогодена е Романија, каде дури 13 лица починаа од студ.
Според државниот секретар за внатрешни работи Раед Арафат, повеќето од жртвите се бездомници, од кои некои биле под дејство на алкохол.
Минатава недела Романија е зафатена од снежни бури, кои сериозно го нарушија сообраќајот и изолираа десетици населби.
Денеска температурите паднаа до минус 18 степени во Барлад и до минус 15 степени во Букурешт.