
Романски владика ја повторил Велигденската литургија во вторникот вечерта за оние коишто не можеле да присуствуваат во април поради изолациските мерки воведени поради епидемијата од Covid-19.
Владиката Теодосиј изјавил дека богослужбата ја повторува за православните верници кои епидемијата ги спречила да учествуваат на Велигденската литургија на 19-ти април.
Ги извел главните делови од обредот и на верниците им дал причест од заедничка лажичка и покрај предупредувањето од здравствените власти. На обредот, кој во медиумите го нарекоа „Велигден 2.0“ според вестите присуствувале помал број верници во соборниот храм во Констанца, и малку луѓе во другите цркви во епрахијата на Црното Море.
Романската православна црква, изјавила дека владиката Теодосиј делувал „автономно“, како и дека велигденските литургии се одвивале без верниците поради епидемиолошките мерки.
Сепак, исклучени се некакви санкции за постапката на овој владика, кој според медиумите е познат во јавноста по тоа што и претходно дејствувал на самоволно.