Романскиот министер за одбрана поднесе оставка

Министерот за одбрана на Романија, Василе Динчу денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата.

„Утринава ја поднесов мојата оставка како министер за национална одбрана до премиерот на Романија, Николае Чука“, напиша Динчу на својата Фејсбук страница.

Тој го приложи и текстот на оставката испратена до премиерот, во која тој зборува за „неможноста за соработка“ со претседателот Клаус Јоханис.