Романскиот парламент ја поддржа владата на Лудовик Орбан

Романскиот Парламент ја поддржа денеска новата влада на премиерот Лудовик Орбан.

Новата Влада доби поголема поддршка отколку што се очекуваше, при што сите страни бараат да се стави крај на политичката парализа и да се фокусираат на борба против коронавирусот.

За Владата гласаа 286 пратеници, а 23 против.

Претседателот Клаус Јоханис вчера му го даде мандатот на Орбан за формирање влада. Кабинетот на министрите е ставен во карантин веќе две седмици, бидејќи тие имаа контакт со заразен пратеник.