Романскиот Национален совет за борба против дискриминацијата (CNDC) во средата парично го казни романскиот претседател Клаус Јоанис поради навредливи забелешки на сметка на унгарското малцинство.
Јоанис мора да плати 1,130 долари поради сугестиите дека социјалдеморкатите (PSD) и нивните политички сојузници договориле предавање на Унгарија да регионот Трансилванија во кој доминираат етничките Унгарци.
На крајот на април реагираше и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и го повика романскиот претседател Јоанис да „покаже повеќе почит кон Унгарците“ откако овој ја обвини романската Социјалдемократска партија (PSD) дека „сака Трансилванија да ја препушти на Унгарија“.
Романскиот претседател потоа го постави прашањето што унгарскиот премиер Виктор Орбан „би можел да понуди за возврат“, а шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто возврати дека изјавите на Клаус се „особено нецивилизирани и може да поттикнат омраза“.
Реагирајќи на предлог-законот за поголема автономија на Трансилванија и регионот Секеи кој го премолчеле од PSD рече „добро утро PSD“ изјговарајќи го акронимот со силно намерно изразен унгарски нагласок и додаде дека оваа партија која има просто мнозинство во романскиот парламент „има намера да ја предаде Трансилванија на Унгарците“. Предлог-законот во меѓувреме беше отфрлен.
Претседателот Јоанис во средата за информативниот портал gformedia.ro изјави дека ќе се жали на „изразено политичката“ одлука на Националниот совет за борба против дискриминацијата (CNCD), за која во рок од 30 дена треба официјално да се изјаснио за објавената одлука.
Јоанис, кој има германско потекло, во декември ја доби германската награда Шарлемањ за неговата поддршка за малцинствата во Романија. Шефот на унгарската дипломатина Сијарто, пак, веднаш по спорната изјава потсети дека „Клаус Јоанис би требало да се свесен дека повеќето Унгарци од Трансилванија и Секеи гласаа за него на романските претседателски избори“.
Романија се приближува на редовните парламентарни избори кои треба да се одржат кон крајот на оваа или почетокот од следната 2021 година. Јоани и неговите либерали бараа изборите да се одржат порано, откако PSD ја загуби власта во ноември и мина во опозиција по низата корупциски скандали. Подоцна одржувањето на изборите го спречи кризата со коронавирусот.