Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ќе мора да плати 200 милиони фунти, доколку сака на „Олд Трафорд“ да го врати Кристијано Роналдо.
Како што пишува „Дејли Мирор“, Манчестер Јунајтед е единствениот клуб кој е подготвен да издвои голема сума на пари, додека од трката за услугите на Португалецот испаднале Манчестер Сити, Челзи и ПСЖ.
Во вкупната сума се пресметани обештетувањето и неделните примања на основа на плати.
Истиот весник наведува дека Јунајтед би можел да си дозволи таков луксуз особено по потпишувањето на договорот со „Адидас“ кој стапува на сцена од летото 2015-та година.
Сепак, се ќе зависи од исходот оваа сезона и резултатите на тимот на Луј ван Гал, кои засега не се ветувачки.
Роналдо често пати изјавуваше дека најдобрите години од кариерата ги минал во англискиот тим, за кој одиграл 229 натпревари и постигнал 118 голови.