И покрај медиумските шпекулации дека по завршувањето на оваа сезона би можел да си замине од екипата на Јувентус, португалскиот голгетер Кристијано Роналдо е решен да го одработи договорот до крајот, односно до јуни 2022 година.
Италијанскиот дневен спортски весник Tuttosport тврди дека 35-годишниот Роналдо нема намера да замине од Јуве пред истекот на договорот, и оти изградил одличен однос со новиот тренер Андреа Пирло, кој може да се спореди со соработката којашто ја имаше со тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
По деветте минати сезони во Реал, португалскиот напаѓач во 2018 година мина во Јувентус, кој за него плати отштета од 117 милиони евра. Во дресот на торинската „Стара дама“ досега Роналдо одигра 95 натрпевари во кои постигна 73 погодоци, а сезонава во петте настапи во италијанското првенство постигна веќе осум голови, а на листата на стралците пред него е само Златан Ибрахимовиќ, со десет голови.