Роналдо ги извлече бодовите за Јуве кај Емполи

J

Во средбата од десеттото коло на италијанското фудбалско првенство актуелниот првак Јувентус со многу маки победи на гостувањето кај Емполи со 2:1, со двата гола на Кристијано Роналдо.

Фудбалерите на Емполи беа многу подобар противник во првото полувреме и заслужено поведоа во 28 минута со убавиот гол на Франческо Капуто. Сепак уште од самиот почеток на второто полувреме Јувентус тргна во офанзива и прво успеа да изедначи од сомнително досуденито пенал во 54 минута чиј сигурен егзекутор бепе Ронналдо, а пота во 70 минута со фантастичниот шут на Португалецот од повеќе од 20 метри и да ги освои трите бода, по минатонеделникот кикс кога во Торино одигра само 1:1 со Џенова.

Иако долго немаше постигнато гол во дресот на „Старата дама“, Кристијано Роналдо со овие два веќе дојде до бројката од седум погодоци и во моментов е вториот стрелец во Серија А, зад изненадувањето на сезоната, полскиот напаѓач на Џенова, Криштоф Пјатек кој постигна девет голови.

Во првиот саботен меч Аталанта на совлада Парма со уверливи 3:0. Головите за тимот од Бергамо ги постигнаа, автогол на Рикардо Гаџоло во 55 минута, Хозе Паломино во 72 минута и на Џанлука Манчини во 80 минута. Аталанта е 12-та со исто толку бодови додека Парма е место погоре на табелата со бод повеќе.

Во моментов се игра дуелот во Торино во кој Фиорентина има водство од 1:0.

На табелата води Јувентус со 28 бодови, седум повеќе од Наполи кој има меч помалки. Интер е трет со 19, а Лацио четвти со 18 бодови, но двата тима имаат меч помалку. Емполи е во зоната на испаѓање, 18-ти е со само шест бодови.

Во недела се играат натпреварите Сасуоло – Болоња, Џенова – Удиенезе, Калјари – Киево, СПАЛ – Фросиноне, Милан – Сампдорија, Наполи – Рома, а во понеделник е дерби дуелот меѓу Лацио и Интер.