Роналдо излегува од изолација, не е веќе позитивен на коронавирусот

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација и напаѓач на торински Јувентус, Кристијано Роналдо, повеќе не е позитивен на коронавирусот и излегува од самоизолација, објави италијанскиот великан на својот интеренет портал.

Еден од најдобрите фудбалери на денешнината 19 дена мина во изолација, а беше позитивен на тестирањето на 13-ти октомври, два дена откао репрезентацијата на Португалија го играше натпреварот во Лигата на нациите против Франција во Париз.

Роналдо немаше никакви симптоми, но беше позитивен и на почетокот од оваа седмица пред дуелот во Лигата на шампионите на Јувентус против Барселона.

Без Роналдо во екипата, „Старата дама“ под водство на Андреа Пирло во четири меча оствари семо една победа, протви Динамо во Киев во Лигата на шамионите со 2:0, со две нерешени средби во Серија А против Верона и против Кротоне, и двете со 1:1, а забележа домашен пораз од Барселона со 0:2 во Лигата на шампионите.

Јувентус следниот натпревар го игра во недела на 1-ви ноември, кога во шестото коло на италијанското првенство гостува кај Специја. Засега нема најави дали Роналдо ќе може да настапи на овој меч.