Протугалскиот фудбалер Кристијано Роналдо по шести пат во кариерата е добитник на признанието Globe Soccer Awards за најдобар фудбалер на годиниата на свеченоста која во неделата беше одржана во Дубаи.
Доделувањето на наградата Globe Soccer Awards заеднички го организираат Европското здружение на фудбалските агенти (EFAA) и Здружението на европските клубови (ЕCA), а Роналдо е лауреат веќе шести пат, а по еднаш тоа беа Лионел Меси, Радамел Фалкао и Франк Рибери.
„Им се заблагодарувам на семејството, на мојата девојка, на синот Кристијано, децата кои ме чекаат дома, на агентот, роднините во Португалија, на пријателите, на моите соиграчи од Јувентус и Португалија. Голема чест претставува да се биде тука и да се прими оваа неверојатна награда. Се надевам дека и следната година ќе бидам тука и ќе ја добијам оваа награда, секако. Им благодарам на сите и среќна Нова година“, рече Роналдо.
Роналдо годинава ја понесе оваа титула пред Меси, Виргил ван Дијк и Мохамед Салах. Португалецот годинава не беше во потесниот избор за најважните фудбалски награди, но сепак годината ја заврши со едно големо признание.
Неговиот најголем конкурент Аргентинецот Лионел Меси оваа година ја освои Златната топка на France Football и наградата за најдобар играч на светот во избор на светската фудбалска асоцијата ФИФА, додека Холанѓанецот Виргил ваб Дијк беше прогласен за најдобар во изборот на Европската фудбалска федерација УЕФА. Кристијано не се појави на споменатите избори, но во Дубаи лично ја прими наградата.
За најдобра фудбалерка на светот во овој избор е прогласена Англичанката Луси Бронз, додека три награди зема Ливерпул. „Редси“ се прогласен за најдобар клуб во изминатата година, нивниот менаџер Германецот Јирген Клоп е прогласен за најдобар тренер, а Бразилецот Алисон Бекер за најдобар голман.
Откритие на годината е Португалецот Жоао Феликс, босанскиот репрезентативец од Јувентус Миралем Пјаниќ ја доби наградата за постигнување во кариерата, а наградата за целосна кариера ја доби Велшанецот Рајан Гигс.
Бенфика и Ајакс добија признанија за најдобри фудбалски академии, Францизинктата Стефани Фрапар е прогласена за најдобар арбитар, Португалецот Жорге Мендез доби признание за најдобар менаџер, додека Андреа Берта од Атлетико Мадрид е прогласен за најдобра спортски директор.
Покрај нив беа избрани и најдобрите во арапскиот фудбалски свет. Најдобар арапски играл е Абдеразак Хамдалах, најдобар млад арапски фудбалер оваа година е Ашраф Хакими, а најдобар арапски клуб е Ал Хилал.