Раководните лица на Реал Мадрид, најпосле собраа храброст да потврдат дека повредата на најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо е од посериозна природа и дека нема да биде во комбинација за финалниот натпревар од Купот на Шпанија кој се игра на 16 април.
„Последниот лекарски тест покажа дека Роналдо има повреда на левиот бутен мускул. Роналдо веќе го започна процесот на рехабилитација но нема да биде во комбинација за следниот првенствен дуел и нема да биде во комбинација за финалниот натпревар од Купот на Шпанија”, изјави клупскиот доктор на „кралскиот клуб”.
Шпанските медиуми се убедени дека португалскиот интернационалец ќе одмара во следните 15 дена и најверојатно ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.