Роналдо со порака до Македонија: Ве почитуваме, но веруваме во нашата способност

Португалија на Кристијано Роналдо ќе биде последната пречка за Македонија на патот до нов историски успех во репрезентативниот фудбал.

„Драгао“ во Порто ќе биде местото каде што Португалците ќе ја пречекаат македонската репрезентација на 29 март. Тоа ќе биде натпревар да се биде или не и обид на нашиот национален тим да приреди нова сензација против една од најдобрите европски репрезентации.

Капитенот на португалскиот тим Кристијано Роналдо испрати порака до нацијата пред финалната пресметка со Македонија.

„Првиот чекор е направен кон нашата голема цел, кон Светското првенство 2022. Ништо не е добиено, ништо не е постигнато. Мораме да продолжиме да работиме сериозно и фокусирано, да го почитуваме противникот, но секогаш да веруваме во нашите способности. Напред Португалија! Одиме во Катар!“.