Португалскиот ас Кристијано Роналдо стана четвртиот фудбалер во историјата кој постигнувал четири голови на четири светски првенства, а во оваа категорија е моментално последен, иако до крајот на турнирот има шанси да го поправи тоа.
Роналдот во ремито против Шпанија 3:3 постигна хет-трик, 51-от на светските првенства, а со тоа се запиша во историјата бидејќи беше стрелец на шампионатите во 2006-та, 2010-та, 2014-та и сега во 2108 година. За одбележување е што Роналдо во Сочи постигна ист број погодоци колку и на сите минати, бидејќи на секое досегашно на коешто играше беше стрелец на по еден погодок.
На оваа листа води Германецот Мирослав Клозе со 16 голови постигнати на првенствата во 2002-та, 2006-та, 2010-та и 2014 година. Следи легендарниот бразилски „крал на фудбалот“ Пеле со 12 голови во 1958-та, 1962-та, 1966-та и во 1970 година, и уште еден Германец, Уве Зелер со 9 голови во 1958-та, 1962-та, 1966-та и 1970 година, односно на истите шампионати на кои настапуваше и Пеле..
Роналдо, исто така, стана и првиот Европеец кој постигнувал голови на четири последователни Светски и на исто толку Европски првенства, значи на осум големи натпреварувања со ред.