Восочната фигура на португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо во музејот „Мадам Тисо“ во Дубаи е облечена во погрешен дрес на неговиот поранешен клуб торински Јувентус и по бранот критики управата вети дека „многу брзо“ ќе биде заменет со оној на неговиот сегашен клуб Манчестер Јунајтед.
Славниот лондонски музеј на восочни фугури оваа седмица во Дубаи ја отвори својата прва филијала во арапскиот свет.
Дресот со бело-црни риги во кој е облечена фигурата на Роналдо предизвика критики на интернет.
„Фановите на Кристијано Роналдо ќе бидат одушевени кога восочната фигура многу брзи ќе биде облечена во дресот на Манчестер Јунајтед“, соошти музејот „Мадам Тисо“ во Дубаи.
Фудбалскиот свет „е во постојано движење во коешто играчите редовно ги менуваат екипите“, се правдаше управата на музејот и појасни дека „секоја личност во музејот е фатена во некој момент типичен за неговата историја“.
Сега 36-годишниот Роналдо играше за италијанскиот клуб кој го напушти во август годинава, по три сезони.
Петкратниот добитник на Златната толка се врати во англиски Манестер Јунајтед за кој настапуваше од 2003 до 2009 година и со кој ја освои Лигата на шампионите во 2008-ма.